И во Франција се појави „случај Роналдо“, Мбапе е во главна улога (Видео)

Пари Сен Жермен со 3:1 го доби дербито против Монпелје на гости. Светците направија пресврт во последните 15 минути кога негативата од 1:0, ја претворија во сигурна победа. Нејмар од слободен удар израмни, а Мбапе погоди за водство од 2:1. На крајот прецизен беше и Икарди.

Покрај возбудливата завршницата полна со голови, момент кој остана забележан е измената во 90 минута кога од игра беше повлечен Килјан Мбапе. Младата ѕвезда на ПСЖ многу се налути на тренерот Томас Тухел, кој дури се обидуваше да му ибјасни на голгетерот зошто го вади од игра, Мбапе воопшто не сакаше ниту да го погледне.

Дали во Франција добиваме „случај Роналдо“, треба да видиме во следниот период? Роналдо беше „во војна“ со тренерот на Јувентус Маурисио Сари поради тоа што два пати по ред беше изваден од игра пред да заврши мечот.

- Оглас -

Најнови вести