И во Германија знаеле да одиграат 0-0

Херта и Борусија Менхенгладбах одиграа мизерни 0-0 во последниот денешен меч од германското првенство. На овој резултат најмногу ми се израдуваа во Лајпциг, бидејќи Црвените бикови ќе бидат лидери на табелата за време на божиќните празници и тоа со два бода предност пред Борусија Менхенгладбах, а четири пред Баерн Минхен.

Херта годината ја заврши со четири меча по ред без пораз. Инаку, после цели два месеци, од крајот на октомври наваму, ова беше прв меч кој заврши без постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести