И во ракометот се даваат автоголови, овој не боли, а си го постигнаа Црногорците (Видео)

Многу интересна ситуација имаше во финишот на мечот меѓу Црна Гора и Иран, а беше постигнат автогол и тоа многу необичен.

Таквата ситуација е реткост во ракометот, но им се случи на Црногорците и за нивна среќа не болеше, бидејќи го победија Иран со 34:31.

И двете селекции по два одиграни дуели имаат по една победа и пораз и се на прагот на пласман во вториот круг, заедно со големиот фаворит Шпанија, репрезентација која вечерва од 20:30 часот ќе игра со аутсајдерот Чиле.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести