И во следните пет години ќе има трки во Формула 1 на „Силверстоун“

Патеката „Силверстоун“, на која се одржува британското Гранд при, ќе биде дел од календарот на Формула 1 и во следните пет години. Вчера се потпиша новата петгодишна соработа, во пресрет на следната трка од шампионатот на Ф1 која ќе се одржи токму овој викенд.

„Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека Големата награда на Велика Британија ќе остане дел од календарот на ФИА Формула 1 светскиот шампионат и во следните пет години, а дом на настанот и натаму ќе биде култната патека Силверстоун“, истакна извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери.

Организаторите на највозбудливите трки се потрудија да обезбедат долгогодишна соработка со патеката на која за првпат се одржа Гранд при од светски размери, кое за првпат се одржа во 1950 година. Воедно, британското Гранд при е најпосетено и најстаро од сите, така што љубителите на овој спорт може да бидат задоволни.

- Оглас -

Најнови вести