Шпицот на бразилска Мадуреира, Игор Кататау, се пријави со епска утка во натпреварувањето за промашување на годината, а никому, па ниту на самиот играч не му е јасно како успеа да не ја погоди празната мрежа на Васко де Гама.
Кататау немаше никој пред себе, но се обиде со погрешната десна нога да даде гол и утна. Зицерот го имаше во 16-тата минута при резултат 0:0, а потоа стигна и казна во финишот на мечот.
Домаќините победија со голот на Герман Сано, но мечот ќе се памети по неверојатната утка на гостинската „деветка“.