И вториот премиерлигаш од Ливерпул ќе падне во рацете на Американци

Компанијата „777 Партнерс“ од Мајами е блиску до постигнување договор за преземање на англискиот премиерлигаш Евертон. Американската компанија веќе започнала преговори со актуелниот сопственик на Евертон, Фархад Мошири, откако беше објавено дека инвестицискиот фонд од САД, „МСП Спортс капитал“ го раскинал екслузивниот договор со Мошири.

Компанијата „777 Партнерс“ веќе е сопственик на неколку европски екипи, како Севиља, Херта Берлин и Стандард Лиеж, но навивачите на белгискиот тим не се задоволни од начинот на којшто Американците го водат тимот.

Планот на „777 Партнерс“ е да стане 100-отстотен сопственик на вториот премиерлигаш од Ливерпул, но процесот на преземање на тимот би требало да трае неколку месеци. Сопственик на Ливерпул е „Фенвеј спортс груп“, на чие чело се Американските милијардери Џон Хенри и Том Вернер.

Евертон по четири кола во Премиер лигата, има освоено само еден бод и се наоѓа на 18-тата позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести