И здосади од порази на грен-слем турнирите и ја урна иконата на женскиот тенис

Ана Каролона Шмидлова успеа да ја сопре црната серија порази во првото коло на гренд-слем турнирите, а повторно на Ролан Гарос успеа да ја изненади иконата на женскиот тенис, Венус Вилијамс.

Чешката тенисерка приреди подвиг во 2014 година со триум ф против Венус, а истото го повтори и денеска со триумф од 6:4, 6:4.

Постарата од сестрите Вилијамс има 40 години и е највозрасната тенисерка што настапи на ова издание на Ролан Гарос и не успеа да ја мине првата пречка.

Шмидлова беше подобра со идентични 6:4 во двата сета и успеа да ја сопре долгата серија порази во прво коло на гтренд-слем турнирите. До денеска ги имаше 12 по ред, почнувајќи од 2016 година, но и на незгодната серија неуспеси им стави крај.

Кај дамите со победа почна првата носителка Симона Халеп, а Шпанката Сорибес Тормо немаше сили за посериозен отпор и загуби со 4:6, 0:6.

Во машка конкуренција на стартот на турнирот што почна денеска изненадување приреди Јаник Синер со победа против 11. носител Давид Гофан. Италијанскиот тенисер славеше со 7:5, 6:0, 6:3.

 

- Оглас -

Најнови вести