И „Жолтиот ѕид“ не е тоа што беше, но подобро е од празни трибини

Борусија Дортмунд вчера со убедлива победа над Менхенгладбах тргна во новата сезона во Бундеслигата, меѓутоа „Сигнал Идуна парк“ не беше во претпознатливиот сјај. На стадионот кој има капацитет од над 81.000 седишта, вчера присуствуваа 9.300 гледачи според дозволениот број на навивачи кои имаа право да проследат мечот во живо.

Фамозниот „жолт ѕид“ од каде што обично 25.000 грла ечат во еден глас, вчера беше речиси празен. Навивачите мора да ги почитуваат мерките за социјална дистанца, па беа разделени на неколку метри. Секако дека и минималниот број на присутни навивачи е подобро отколку да се игра пред празни трибини, како што беше во продолжувањето на минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести