Иако го бараат Реал и Ливерпул, англискиот репрезентативец на крајот може да заврши во Челзи

Англискиот премиерлигаш Челзи не сака да ја повтори грешката од пред една деценија, кога пропушти да го купи Лука Модриќ, и уште сега започна преговори со Борусија Дортмунд за трансфер на Џад Белингам, пишува „Билд“.

Младиот 19-годишен фудбалер пред две сезони пристигна во Борусија Дортмунд и израсна во еден од најталентираните млади фудбалери на светот, а згора на тоа, стана и член на англиската репрезентатиција и е сигурен патник на Мундијалот во Катар.

Одличните игри го свртеа вниманието на европските гиганти, Реал Мадрид и Ливерпул се најзагреани за негов трансфер, во Челзи сака да ги претрка и веќе започна преговори со германскиот тим, кој ја одби првата понуда. Челзи понуди 100 милиони евра, но управата на Борусија Дортмунд ја одбила и бара најмалку 20 милиони евра повеќе.

„Билд“ пишува дека сопственикот на Челзи, Тод Боли, е подготвен да ја плати бараната сума и да го донесе Белингам на „Стемфорд бриџ“ идното лето.

- Оглас -

Најнови вести