Иако играше заедно со Роналдо, смета дека Меси е подобар фудбалер

Поранешниот англиски репрезентативец и член на Манчестер јунајтед, Вејн Руни ги спореди двајцата најдобри фудбалери во последните 15-тина години, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Интересно е што иако беше соиграч со Роналдо во Јунајтед, Руни смета дека Меси е подобар фудбалер од Португалецот.

– Кристијано Роналдо нема милост во шеснаесетникот, тој е вистински убиец, но Меси ќе ве мачи пред да ве убие. Иако сум пријател со Кристијано, секогаш би го избрал Меси за соиграч и тоа поради причините поради кои сакав да ги гледам Пол Сколс и Чави. Не можам да се сетам дали Меси некогаш постигнал гол така што ја шутнал топката силно, тој само ја уфрла во голот – одговори Руни на прашањето кој од двајцата фудбалери би го избрал неговиот тим.

Руни со Манчестер јунајтед два пати загуби во финалето во Лигата на шампионите од Барселона кога за неа играше Лионел Меси, во 2009 и 2011 година, додека заедно со Роналдо во тимот триумфираа во 2008 година и тоа откако го совладаа Челси по подобро изведување пенали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести