Иако многумина веруваат дека триумфот е подарен: Сити е научен да победува на „Олд Трафорд“

Манчестер сити славеше со 2-0 како гостин на синоќешното градско дерби против Јунајтед. „Граѓаните“ дадоа два гола во второто полувреме, за голема радост на „Олд Трафорд“. Победата значи дека Сити сега повторно е лидер во Премиер лигата и тоа дека сами си одлучуваат дали ќе го одбранат тронот или ќе им го препуштат на Ливерпул.

Многумина веруваа дека Сити ќе победи на „Олд Трафорд“ без голема мака, а така и се случи. Јунајтед едноставно немаше сила да се спротистави, а мотивираните гости тоа знаеја да го казнат. Иако многумина се сомневаат колку Сити заслужено победи и колку Јунајтед даде достоен отпор, сепак фактите покажуваат дека не е чудно што гостите се радуваат.

Сити синоќа стигна до седмата победа во Премиер лигата против Јунајтед на „Олд Трафорд“. Ниту еден друг клуб се нема толку пати радувано на легендарниот стадион. Интересно е што освен рекордна победа за Сити како клуб, синоќа во историјата влезе и тренерот на гостите, Пеп Гвардиола. Тој е првиот менаџер кој успеал да го победи Манчестер на „Олд Трафорд“ во три гостувања по ред во првенството. 

- Оглас -

Најнови вести