Гвардиола постави неостварен рекорд на „Олд Трафорд“

Манчестер сити повторно е лидер во Премиер лигата и сега непречено граби кон одбрана на титулата. „Граѓаните“ само за пет дена ги добија дерби-дуелите против Тотенхем и Манчестер јунајтед и со еден бод пред Ливерпул се во пол-позиција.

Сити вечерва со 2-0 славеше на „Олд Трафорд“, нешто што беше повеќе од очекувано ако се знае дека домаќините никако не сакаа да му направат услуга на Ливерпул во трката за титулата. Со два гола во второто полувреме, Сити се радуваше, а посебна причина за славење имаше тренерот на гостите.

Пеп Гвардиола постави еден рекорд. Тој е првиот тренер во историјата кој успеал да победи на три лигашки гостувања по ред на „Олд Трафорд“. Шпансиот стратег едноставно го знае „лекот“ за Јунајтед на негов терен.

 

- Оглас -

Најнови вести