Иако сега е позитивен, Роналдо може да игра против Барселона!

Утрово беше потврдено дека Кристијано Роналдо и по 10 дена откако беше првично позитивен на Коронавирусот, уште е „опасен“ и треба да остане во изолација. Денешниот тест покажа дека Португалецот уште е позитивен на Коронавирусот, иако нема апсолутно никакви симптоми или знаци од опасниот вирус. 

Веста дека е уште позитивен ги разочара фановите на Јувентус, затоа што тоа значи дека Роналдо нема да може да игра против Барселона на 28 октомври, во дербито од второто коло во Лигата на шампиони. Сепак,  според пишувањата на шпански „Ас“, Јувентус не се откажува од идејата првата ѕвезда да биде на теренот во Торино за мечот со големиот ривал.

Јувентус до УЕФА има доставено документација за здравствената состојба на фудбалерот, според која Роналдо во ниту еден момент немал влошување на состојбата, па дури ни покачена температура. Тоа значи дека Португалецот е целосно асимптоматски случај на Коронавирусот.

Роналдо се чувствува добро, а тој дури на социјалните мрежи споделува видеа како тренира во домашни услови за да остане во врвна форма. Од Јувентус побараа да може да се направи корона тест на Роналдо на 24 часа пред почетокот на мечот со Барселона и доколку тој е негативен, УЕФА да дозволи Португалецот да биде во составот на Јувентус, што значи дека Старата дама уште има шанса во стартниот тим да ја има најголемата ѕвезда за дуелот со каталонскиот гигант.

Сигурно е дека Роналдо нема да игра во следното коло од Серија А, кога Јувентус е домаќин на Верона.

 

 

- Оглас -

Најнови вести