Ибахимовиќ е дел од стручниот штаб на Милан, но забранет му е влез во соблекувалната

Златан Ибрахимовиќ неодамна се врати во Милан, не како играч, туку како советник на тренерот Стефано Пиоли, но нема да може постојано да биде дел од стручниот штаб.

Тој ќе биде со екипата во важните моменти, но за време на натпреварите нема да смее да влегува во соблекувалната на Росонерите.

Весникот „Република“ пишува дека дека според правилата на Фудбалската федерација на Италија, Ибрахимовиќ на натпреварите од Серија А како советник нема право да биде во соблекувалната заедно со тренерот и фудбалерите.

Но, тоа наскоро би требало да се исправи бидејќи Ибрахимовиќ треба да стане и дел од управата на Милан, со што ќе има право да биде заедно со тренерот и фудбалерите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести