Ибра го понесе еуфоријата и го скрши стаклото од автобусот (Видео)

Милан повеќе од една деценија чека да се израдува на титулата во домашното првенство, а сега им е потребен само уште еден бод во последното коло, за да може мирно да се израдуваат на скудетото.

Навивачите на Росонерите се во еуфорија, што покажаа уште пред почетокот на вчерашниот меч против Аталанта на „Сан Сиро“. Десетици илјади фанови на црвено-црните беа низ улиците околу стадионот за да им дадат поддршка на своите миленици. Од сите фудбалери, Златан Ибрахимовиќ беше во најголема еуфорија. Швеѓанецот со балкански корени едноставно „збесна“ во автобусот.

Ибра им покажуваше на навивачите да бидат уште погласни, а потоа со двете раце удри во шофершајбната на автобусот. Од силината на ударите на Ибра, предното стакло на автобусот се распука, а возачот веднаш реагираше покажувајќи му на Златан што направи.

https://twitter.com/i/status/1525949162222665728

- Оглас -

Најнови вести