Ибра има тренерски амбиции, кажа и кој клуб би го презел

Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Лос Анџелес галакси, призна дека е подготвен да се врати во Ајакс по завршувањето на играчката кариера, и тоа како тренер. Швеѓанецот беше член на холандскиот клуб од 2001 до 2004 година.

„Обично не се враќам во клубовите каде што веќе сум играл, но можно е по завршување на играчката кариера да станам тренер на Ајакс. Таа задача би ја извршувал подобро од секој што во моментов е таму“, изјави нескромниот Златан за холандските медиуми.

Ибрахимовиќ во Галакси е од 2018 година. Во кариерата освои 31 трофе, а 37-годишниот Швеѓанец за националниот тим играше од 2001 до лани.

- Оглас -

Најнови вести