Ибра ја одби и „десетката“ и капитенската лента, а веројатно нема да игра ни на сите три меча

Златан Ибрахимовиќ едноставно посака да игра на Европското првенство и тоа ќе му се оствари. Иако пред речиси пет години ја заврши репрезетативната кариера и тоа на ЕВРО 2016, Златан реши повторно да се реактивира во националниот дрес, за да може да игра на уште еден континентален собир.

Популарниот Ибра вечерва ќе биде во тимот за дуелот против Грузија, во првиот меч од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Свесен дека пет години не бил дел од селекцијата во која секогаш бил главен, Ибрахимовиќ сега реши да не ја побара каитенската лента од Гронквист, која традиционално беше на неговата рака кога беше на теренот во дресот на Шведска.

Ибрахимовиќ нема да го носи ни неговиот препознатлив дрес со број 10, иако Емил Форсберг се понуди да му го отстапи дресот. Легендарниот голгетер го одбра дресот со бројот 11 кој досега го носеше младиот Александер Исак.

Шведска вечерва игра против Грузија, а потоа следи и дуелот против Косово, во квалификациите за СП. Според најавите, Ибрахимовиќ најверојатно нема да биде во тимот за мечот против Естонија на 31 март, кој е од пријателски карактер.

 

- Оглас -

Најнови вести