Ибра се согласи сам со себе: Можам да играм и до 50 години

Златан Ибрахимовиќ пред неколку месеци се врати во Милан и ја доживува „втората младост“. Со доаѓањето на шведскито голгетер меѓу Росонерите, миланскиот гигант игра одлично. Милан е во серија од 13 меча без пораз, а Златан иако има 38 години, е лидер на теренот.

Многумина се шегуваат дека Ибрахимовиќ е подготвен да игра и до 50 години, па беше направена и фотомонтажа како би изгледал голгетерот на 50 години, со најава дека уште е активен. На Ибра очигледно му се допадна ваквата објава, па самиот ја сподели на својот прифил од социјалната мрежа Инстаграм.

„Можам да играм на исто ниво додека наполнам 50 години“, стои во изјавата покрај фотографијата на „дедо“ Ибра, а потоа во коментари самиот фудбалер на себе си допишал „Се согласувам со Златан“. Легендарниот голгетер дефинитивно е посебен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести