Ибра не чекаше долго за повторно да му врати на Лукаку

По пауза од повеќе од една деценија, Интер стана првак на Италија прекинувајќи ја деветгодишната доминација на Јувентус. Добар дел од сезоната, најголем ривал на Интер му беше градскиот ривал Милан, а посебно интересни беа меѓусебните дерби-дуели.

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку влегоа во вербален конфликт, кој малку фалеше да прерасне во физичка пресметка. Таа пресметка трае цела сезона. По првата победа на Интер, Лукаку преку социјалните мрежи порача „Новиот крал е во градот“. На следниот меч Милан победи, а Ибрахимовиќ возврати „Милано никогаш немал крал, туку Бог“.

Нова шанса за провокација Лукаку доби по освојување на шампионската титула, кога на Ибрахимовиќ му порача: „Вистинскиот Господ го круниса кралот. Сега поклони му се“. Само три дена требаше за Златан да возврати. Иако без зборови, Ибра реши да постира фотографија, и тоа на неговото кафе. На фотографијата е Златан во дресот на Милан со високо кренати раце пред катедралата во Милано.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести