Ибра поставува рекорди како од шега, ама неговиот Милан го доживеа првиот пораз во Серија А сезонава (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ 40 години и 48 дена стана најстариот фудбалер во историјата на Серија A кој што успеал да постигна два погодоци на еден меч.

Легендарниот напаѓач тоа го стори на мечот меѓу Милан и Фиорентина, во кој неговиот тим загуби со 4:3.

Воедно, ова за Росоњерите беше прв пораз сезонава во Серија А.

Швеѓанецот, погоди во 62. и 67. минута, а претходно Фиорентина постигна три погодоци.

Како што пишувавме од претходно, првиот дојде по катастрофалната реакција на голманот Татарушану.

А во последните секунди од првото полувреме, Рикардо Сапонара зголеми на 2:0.

Во вториот дел, Душан Влаховиќ дополнително зголеми, но, токму Ибра со двата гола ја врати неизвесноста.

Сепак, српскиот репрезентативец уште еднаш ја затресе мрежата на Милан.

Конечните 4:3 беа поставени во 96. минута со автоголот на Лоренцо Вентули.

Милан остана на бројката од 32 бода, колку што има и Наполи, кој утре ќе гостува кај актуелниот првак Интер.

- Оглас -

Најнови вести