Ибра промаши празен гол за хет-трик, Милан тргна сигурно во Калчото (видео)

Милан тргна со сигурна победа од 2-0 против Болоња во новата сезона во Серија А. Росонерите на грбот на Златан Ибрахимовиќ ги освоија трите бода во премиерното коло, а победата можеше да биде уште поубедлива доколку Швеѓанецот оствареше хет-трик.

Златан прво во 35-тата минута погоди со глава при асистенција на Кастилјехо, а по пет минути во вториот дел, Милан веќе водеше со 2-0 откако Ибрахимовиќ реализира пенал.

Се играше 63-тата минута кога домаќините отворија опасен контранапад по што Швеѓанецот се најде сам пред голот на Болоња, па иако успеа да се ослободи од голманот Скорупски, неговиот обид заврши над конструкцијата од голот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести