Златан ја отвори сезоната за Милан (видео)

Златан Ибрахимовиќ му донесе предност на Милан од 1-0 против Болоња во мечот од премиерното коло од Серија А. Искусниот шведски голгетер го постигна првиот гол за Росонерите во новата сезона пренесувајќи ја извонредната форма од минатата сезона во која постигна 10 гола на 18 средби.

Милан се вртеше околу голот на гостите и со помош на Кастилјехо и неговото точно нафрлување во шеснаестникот, Ибрахимовиќ ја затресе мрежата на тимот чиј што тренер е негов близок пријател, Синиша Михајловиќ.

https://twitter.com/Route1futbol/status/1308125008145780736

- Оглас -

Најнови вести