Ибра се посрамоти, но Ребиќ го спаси па Милан победи (Видео)

 

Милан минимално со 1:0 славеше на гости против Бреша во првиот меч од 21. коло во Серија А. Со овие три бода Росонерите се искачија на шестото место на табелата, но дури сега има 20 бода помалку од лидерот Јувентус.

Анте Ребиќ втор меч по ред носи победа за Милан: Хрватот даде ва гола во претходното коло против Удинезе, а овојпат погоди во 71 минута, откако на теренот влезе како резерва во 58 минута.

Во првото полувреме Милан имаше стоостона шанса за гол, но Златан Ибрахимовиќ промаши од ситуација во која потешко е да се промаши. За среќа на Ибра, Ребиќ во второто полувреме ја поправи неговата грешка и Милан  ги освои трите бода.

- Оглас -

Најнови вести