Ибра со магична финта, но соиграчот му ја упропасти акцијата (Видео)

Милан со 2:0 го победи Беневенто во меч по кој Росонерите се искачија на второто место во Серија А. Росонерите се во борба за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона, а неколку екипи се во „мртва трка“ за тие позиции.

Против Беневенто, Ибрахимовиќ не даде гол, но сепак го имаше потегот на мечот. Ибрахимовиќ успеа на чудесен начин да го проигра Самуел Кастилјехо, но овој не успеа да постигне гол, ниту да одигра повратна со Ибра кој потоа многу се налути.

- Оглас -

Најнови вести