Ибра со нова легендарна самопофалба, Јуве го воздигнува Кристијано (Фото)

Мајсториите на ветераните, но и најдобри играчи во Серија А, Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо, ја кренаа на нозе јавноста, светот им се поклонува, а тие двајца во нивен стил ги искоментираа денешните претстави.

„Зошто да трчаш кога можеш да леташ“ – напиша Швеѓанецот во објавата на социјалните мрежи.

Кристијано кој до пред некој ден не смееше да тренира со тимот поради коронавирус, порача дека „Крис секогаш се враќа, тоа е најважно“, а од Јувентус објавија слика од прославата на едниот гол на Португалецот и искоментираа со три збора: „Тој се врати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести