Ибра уште еднаш покажа дел од своите уникатни методи (Видео)

Милан и Аталанта одиграа 1:1 во мечот на двете екипи кои се единствени во Серија А без пораз по враќањето на фудбалот во ерата на пандемијата со Коронавирусот. Златан Ибрахимовиќ не постигна гол за Росонерите, но одлично си ја заврши работата, па дури помагаше и во дефанзивната линија.

Играчот на Аталанта Ханс Хатебер се обидуваше да се избори за што е можно подобра позиција покрај Лукас Билја, па гостинскиот играч силно го турна фудбалерот на Милан. Билја се удри во Ибрахимовиќ, а Златан веднаш имаше начин како да го сопре налетот на противникот. Ибра со рака за врат го стисна Хатебер, а играчот на Аталанта буквално „подвитка опашката“, а ѕвездата на Милан не доби ни жолт картон.

 

- Оглас -

Најнови вести