Ибра во Милан е завршена работа, одреден и датумот на претставувањето

Познатиот фудбалски портал „Калчомеркато“ објави дека шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ е многу блиску до потпишување на договор со Милан, а претставувањето на Златан како ново засилување за „росонерите“ ќе се случи за две недели.

На 15 декември, Милан ќе прослави 120-годишнина од своето формирање, по тој повод ќе има прослава на која е поканет и екс претседателот на клубот, Силвио Берлускони, во чие време Милан освои најмногу трофеи.

За збогатување на прославата, во Милан планираат тој ден да го претстават Ибрахимовиќ како нов член на клубот, чиј дрес тој веќе го носеше во минатото. Се зборува дека Златан ќе потпише договор со Милан во траење од 18 месеци, а платата ќе му биде 6 милиони евра.

Сепак, и да потпише пред 15 декември, Ибра нема да може да игра за Милан пред нова година. Кандидат за неговиот потпис е и Болоња, но Милан е многу поблиску до договор.

- Оглас -

Најнови вести