Ибрахимовиќ е подготвен да игра за Милан и за помала плата

Златан Ибрахимовиќ го почна процесот на рехабилитација што ќе трае 7-8 месеци по операцијата на вкрстените предни лигаменти, а треба да преговара со раководството на Милан за евентуално продолжување на соработката.

Златан нема да игра фудбал најмалку до почетокот на идната година, што е долг период за фудбалер што има цели 40 години, но тој не се откажува.

Најави дека ќе игра сè додека Милан не ја освои Лигата на шампионите, а сега очекува преговори и е подготвен да настапува за Росонерите и за помала плата.

- Оглас -

Најнови вести