Ибрахимовиќ е прескап за Милан, на „Сан Сиро“ доаѓа тенк

Адолфо Гајц може да биде алтернативата за Златан Ибрахимовиќ во Милан, ако поранешниот шведски репрезентативец не пристигне на „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.

Засега преговорите се во тек, но Златан и Милан се далеку од договор поради превисоките барања на Швеѓанецот. За шест месеци Милан би требало да му исплати на Ибрахимовиќ шест милиони евра, што засега е прескапа варијанта за „росонерите“.

Затоа како алтернатива се споменува 20-годишниот напаѓач на Сан Лоренцо, Адолфо Гајц, кој има интересен прекар во својата домовина и го викаат Тенк.

За Гајц велат дека е голем талент на аргентинскиот фудбал, а веќе имаше можност и да дебитира за А селекцијата на „гаучосите“.

 

- Оглас -

Најнови вести