Ибрахимовиќ ги воодушеви сите со пораката упатена до корона-вирусот

Златан Ибрахимовиќ вечерва нема да биде во тимот на Милан за дуелот против  Бодо Глимт во квалификациите од Лигата на Европа. Шведскиот голгетер попладнево дозна дека е позитивен на корона-вирусот откако претходно вчера беше откриено дека неговиот соиграч Лео Дуарте беше позитивен.

Иако се работи за смртоносен вирус, Ибра не е уплашен, па дури и преку социјалните мрежи упати порака која ги воодушеви сите.

„Вчера се тестирав и бев негативен, а денеска сум позитивен. Немам никакви симптоми. Корона-вирусот имаше храброст да ме предизвика. Тоа му е лоша идеја“, напиша Ибрахимовиќ на својот инстаграм-профил.

 

- Оглас -

Најнови вести