Ибрахимовиќ ќе го пропушти големото дерби

Златан Ибрахимовиќ, напаѓачот на Милан, најверојатно ќе го пропушти големото градско дерби против Интер. Според најавите од Италија, Ибра го пропуштил вчерашниот тренинг, а Швеѓанецот тренира сам на фитнес подготовка.

Ибрахимовиќ заработи повреда на едно друго дерби, тоа против Јувентус на 23 јануари. Освен Златан, дуелот против Интер најверојатно ќе го пропушти и Анте Ребиќ.

Добри вести за Милан се враќањето на Томори на тренинг и тој ќе биде подготвен за утрешното дерби.

- Оглас -

Најнови вести