Ибрахимовиќ и Кварежма во ист тим?

Рикардо Кварежма, искусниот офанзивец на Бешикташ, наводно е во преговори со американската франшиза ЛА галакси. Португалецот има желба да го напушти гигантот од Истанбул, со кого освои две титули во турското првенство, како и еден куп.

Одредени медиуми и од Турција и од Португалија известуваат дека Кварежма не е во најдобри односи со претседателот на клубот, Фикрет Орман, па се верува дека ќе му биде овозможено да оствари преселба во МЛС-лигата.

Доколку Кварежма го засили тимот на Галакси,  ќе соработува повторно со Златан Ибрахимовиќ, претходно ги бранеа боите на Интер во сезоната 2008/09. Ќе биде интересно пак да се гледаат нивните атракции во комбинација, но и она што ќе се случува за време на тренинзите и во соблекувалната, знаејќи колку се темпераменти.

 

- Оглас -

Најнови вести