Ибрахимовиќ испиша историја во Серија А

Златан Ибрахимовиќ ги одигра сите 90 минути во победата на Милан од 3-2 против Удинезе, меѓутоа Швеѓанецот не успеа да го постигне првенецот за Росонерите пред навивачите на „Сан Сиро“, за тоа ќе чека некоја друга прилика, но тој секако испиша историја во Серија А.

Имено, Ибрахимовиќ стигна до 150 победи во Калчо лигата за само 222 натпревари, што е апсолутен рекорд. Тој го надмина легендарниот Естебан Камбијасо кој пред денешната средба броеше 149 победи на 230 натпревари играјќи за Интер.

Ибрахимовиќ до овој рекорд стигна бранејќи ги боите на Јувентус, Интер и Милан во два мандати.

- Оглас -

Најнови вести