За Нестор 15-тина минути, Ребиќ е јунакот на Росонерите (видео)

Милан во судиското надополување стигна до тешка победа против Удинезе од 3-2 во мечот од 20-тото коло во Серија А. Домаќините доста мачеа да го освојат целиот плен на „Сан Сиро“, а го направија тоа благодарение на Анте Ребиќ и неговиот гол во третата минута од продолжението.

Росонерите наидоа на проблеми во првото полувреме откако гостите изненадија со бореноста која резултираше со водечки гол, а имаа и малку помош од италијанскиот репрезентативец Џиџи Донарума. Се играше шестата минута од мечот кога Донарума го напушти шестнаесетникот во обид да спречи контра на гостите, меѓутоа направи кардинална грешка која Ларсен ја казни погодувајќи го празниот гол.

https://www.dailymotion.com/video/x7qs67y

Со обновени сили Росонерите брзо се вратија во игра во вториот дел, Ребиќ донесе израмнување во 48-та минута, а потоа следуваше нов налет на Удинезе, но Донарума овојпат беше на ниво на задачата и спречи неколку одлични шанси.

Казната за гостите следуваше во 71-та минута, Тео Ернандес се најде на вистинското место по еден корнер и постигна фантастичен гол. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски доби шанса во 78-та минута, а неколку минути по неговото влегување во игра следуваше голот за 2-2 кој го постигна Ласања.

Кога се мислеше дека е готово, Хрватот го постигна вториот погодок на средбата вреден три бода.

https://www.dailymotion.com/video/x7qs8ia

https://twitter.com/_luccaseduardo/status/1218883719785844738

https://twitter.com/GilesMorrison2/status/1218887060200861696

- Оглас -

Најнови вести