Ибрахимовиќ ја напуштил Италија и се упатил на север

Напаѓачот на Милан си заминал во родната Шведска за да се рехабилитира од повредата која ја здоби за време на тренинг пред неколку дена. Очекувањата се Ибра да отсуствува од терените околу еден месец, повредата не му е многу сериозна како што првично се мислеше, па тој добил дозвола да замине во Шведска.

Ибрахимовиќ во Италија треба да се врати за една недела бидејќи треба да оди на контрола, а потоа мора да остане и во задолжителен карантин и да му бидат направени два теста за корона-вирус, пред да се појави на тренинг со клупските колеги.

- Оглас -

Најнови вести