Ибрахимовиќ ќе игра на ЕП2020!

Златан Ибрахимовиќ по пет години пауза повторно ќе го облече репрезентативниот дрес на Шведска и ќе игра на престојното Европско првенство, тврди реномираниот италијански лист, „Газета дело спорт“.

Наводно Ибрахимовиќ ги обновил односите со селекторот Јане Андерсон со кого во изминативе месеци имал средба во Милано на која главна тема била враќањето на Златан во репрезентацијата.

Иако Ибрахимовиќ се повлече од интернационалната сцена по Европското првенство кое во 2016 година се одржа во Франција, но добрите партии кои ги пружи во дресот на Милан беше главна причина за враќањето во скандинавската селекција, и дефинитивно ќе биде огромно засилување за континенталниот собир.

Во меѓувреме 39-годишниот напаѓач закрепнува од повредата на листот со која се здоби кон крајот на ноември, а би требало до 18 јануари да се врати на терените и да биде подготвен за дуелот на Милан против Кајлари. Во меѓувреме Златан ќе го пропушти утрешното гостување кај Беневенто, како и дербито против Јувентус три дена подоцна.

- Оглас -

Најнови вести