Ибрахимовиќ: Кога бев мал, уживав да крадам, бев експерт за крадење!

Еден од најдобрите, но и најконтроверзни фудбалери на светот, Златан Ибрахимовиќ, откри дека како дете многу сакал да краде и дека бил успешен крадец.

Во минатото, кога бил дете, Швеѓанецот бил во шок кога му украле велосипед кој никогаш не го нашол, а тоа кај него го разбудило гневот и решил самиот да почне да краде туѓи велосипеди.

„Станав експерт за крадење, но тоа го правев од забава. Му украдов велосипед на еден поштар, еднаш и на мојот фудбалски тренер, не сакав да пешачам пет километри од стадион до дома по тренинг. Тренерот не ме избрка од клубот затоа што веруваше во мене“, наведено е во автобиографската книга „Јас, Златан“.

- Оглас -

Најнови вести