Ибрахимовиќ: Милано е мој втор дом!

Не престануваат шпекулациите дека Златан Ибрахимовиќ кариерата би можел да ја продолжи во некој италијански клуб, а сега и самиот фудбалер долеа „масло на оганот“, со изјава дека Милано е негов втор дом, и дека често се слуша со болниот Синиша Михајловиќ, кој е тренер на Болоња.

Шведскиот ветеран има договор со Лос Анџелес Галакси до крајот на годинава, а на 1 јануари станува слободен играч и без обесштетување може да оди во било кој клуб. Главни кандидати за привлекување на 38-годишниот напаѓач се Милан и Болоња.

„Милано е мој втор дом. Имам многу убави спомени од таму, имам многу блиски пријатели. Ги сакам Италијанците, ја сакам Италија, моето срце секогаш ќе биде таму. Често разговарам со Синиша Михајловиќ, тој е вистински пријател и исклучителна личност“ – рече Ибра, кој е роден во Малме, но деновиве не е баш популарен во родниот град, откако стана претседател на ривалот Хамарби.

- Оглас -

Најнови вести