Ибрахимовиќ на ЕП 2020?

Блеска Златан Ибрахимовиќ во дресот на Милан и на 39 години. Со фанстастичната форма која ја пренесе од минатата сезона, Златан ги предводи Росонерите и благодарение на него, екипата на Стефано Пиоли засега е лидер во Калчото и се постави како конкурент за Скудетото.

Ибрахимовиќ моментално закрепнува од повреда на бутниот мускул, поради што ќе пропушти до три натпревари за Милан, но во меѓувреме работи на случајот да се врати во репрезентацијата на Шведска.

Како што потврди селекторот на Шведска, Јане Андерсон, тој веќе бил во Милано, каде што се сретнал со Ибра и разговарале на оваа тема.

„Состанокот беше позитивен. Штом Златан ја отвори можноста да се врати во репрезентацијата, ми стана јасно дека мора што поскоро да се сретнам со него и да разговараме на оваа тема. Во наредните неколку месеци ќе продолжиме со разговорите“, истакна Андерсон.

Доколку двете страни се договорат, претстојното Европско првенство ќе биде збогатено со присуството на Ибрахимовиќ, кој пак се повлече од интернационалната сцена во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести