Ибра не сака да биде капитен на Шведска, го доби бројот кој го носеше како млад, и се расплака (Видео)

Златан Ибрахимовиќ на 39-годишна возраст игра одлично во италијанската лига во дресот на Милан, а донесе одлука и да се врати во репрезентацијата на Шведска, за да им помогне на сонародниците да се пласираат на ЕП. Камбекот на Ибра во дресот на националниот тим предизвикува големо внимание, в четврток одбраната на Грузија ќе биде ставена на многу тежок тест.

По враќањето во репрезентацијата, Златан не сака да му биде вратена капитенската лента, а од Александер Исак побарал да му го даде дресот со бројот 11. Ибра како млад, ја носеше 11-ката на Трите круни, а потоа долго време играше со бројот 10.

„Му ветив на селекторот Јане Андерсон дека ќе бидам клучен играч за Шведска, сега треба да го потврдам тоа на терен. Се договоривме дека е најдобро да се вратам во репрезентацијата, не затоа што моето име е Златан Ибрахимовиќ, туку затоа што заслужувам да бидам во тимот. Знам дека можам многу да придонесам, јас сум најдобар на светот“ – изјави Ибра.

Ибра нема намера да биде капитен.

„Капитен треба да биде Андреас Гранквист, но селекторот нека одлучи. Го прашав Александер Исак дали ќе ми ја даде 11-ката. Тој ми одговори потврдно и побара да му го вратам за 6-7 години кога ќе се повлечам, хахаха. Форсберг ми ја понуди 10-ката, но одбив, бидејќи ова е ново поглавје за мене, и мислам дека треба да го сменам бројот, иако тоа не значи ништо“ – вели Златан.

На денешната прес-конференција, Златан многу емотивно го доживеа моментот додека кажуваше дека му е тешко што е во карантин и не може да ги види децата и семејството додека е со националниот тим. Погледнете како Ибра се бореше со солзите:

- Оглас -

Најнови вести