Ибрахимовиќ: Политичарите го делат народот, а фудбалот го обединува

Златан Ибрахимовиќ со гол се врати во дресот на Милан, погодувајќи во победата од 2:0 против Лацио. Освен за фудбалот, Ибра нема проблем да зборува на сите теми, па откако беше запрашан дали планира да се вклучи во политиката како што направи кошаркарот Леброн Џејмс во САД, Златан имаше интересен одговор.

„Политичарите го делат народот, а фудбалот во мојот свет го обединува народот. Тоа е голема разлика. Имав можност да запознаам многу луѓе кои никогаш немаше да ги сретнам ако не беше фудбалот. Знам луѓе од сите страни на светот. Мислам дека треба да се занимаваме со тоа во што сме добри. Политиката и спортот се две различни категории. Ако сте паметни, ќе сфатите“, рече Ибрахимовиќ.

Според Златан, фудбалерите носат љубов и радост, што не може да се каже за политиката.

„Политиката не е дел од нашиот свет. Јас не дојдов тука да делам пораки, туку да ги спојувам луѓето и да носам радост. Фудбалот и спортот воопшто се најдобриот начин за такво нешто. Јас сум добар во тоа и затоа сум фудбалер“, додаде популарниот Ибра, кој постави и рекорд откако во 26-тата сезона по ред постигнува барем по еден гол.

 

- Оглас -

Најнови вести