Ибрахимовиќ сигурно си оди од Милан – Ќе биде газда и играч на Хамарби

Златан Ибрахимовиќ и дефинитивно ќе си замине од Милан на крајот од оваа сезона и ќе се врати во родната Шведска како играч и ко-сопственик на Хамарби.

Реномираниот италијански спортски весник „Газета дело Спорт“ објави дека јазот меѓу Ибрахимовиќ и директорот на Милан, Газидис е непремостлив, откако неодамна дојде до кавга меѓу нив.

Ибрахимовиќ на состанокот на играчите и на главниот директор на Милан остро му забележал на Газидис дека не се интересира за клубот. Забелешката на Златан била дека Газидис долго бил отсутен и се појавил да ги види играчите на само два дена пред одигрувањето на реванш мечот со Јувентус во полуфиналето на италијанскиот куп.

Дел од фудбалерите го подржале Ибрахимовиќ, но испадот нема да мју биде простен и договорот кој му истекува ова лети нема да му биде продолжен, тврдат новинарите на „Газета дело Спорт“.

Популарниот Ибракадабра предизвика вистински потрес и во родната Шведска, каде планира да ја заврши кариерата, како член на Хамарби.

Лани купи дел од акциите на клубот, односно 50 проценти што беа во сопсственост на познатата фирма АЕГ, со што го навлече гневот на навивачите на Малме, клуб каде ја почна професионалната кариера.

Дури во знак на протест симпатизерите на Малме ја урнаа статуата на Ибрахимовиќ се поради големиот ривалитет на релација Малме – Гетеборг.

Следниот клуб на Ибрахимовиќ, Хамарби, каде ќе биде и ко-сопственик е од Гетеборг, нешто што фановите на Малме не можат да му го простат на легендарниот Швеѓанец.

 

- Оглас -

Најнови вести