Ибрахимовиќ со лудо видео: Не го предизвикувајте вирусот, вие не сте Златан! (Видео)

Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, сними рекламен спот во кој вели дека треба да се почитуваат мерките за заштита од корона-вирусот, како носење маски и држење дистанца, и притоа во свој самобендисан стил изјавува: „Јас го победив вирусот, но вие не сте Златан“.

Многумина ова го толкуваат и како провокација до Кристијано Роналдо, кој рече дека ПЦР-тестовите се ср.ње и уверен е дека работата околу вирусот е лага, па мораше да ја повлече објавата.

„Вирусот ме предизвика и јас го победив. Но, вие не сте Златан, не го предизвикувајте вирусот. Мислете со глава, почитувајте ги правилата, дистанца, носете маска. Ќе победиме“, Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести