Ибрахимовиќ вечерва не смее ни да влезе на стадионот на Јувентус

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ нема да настапи на вечерашното полуфинале од Купот на Италија против неговиот ексклуб Јувентус, но не само што нема да биде во тимот на Милан, туку поради протоколите и максималната бројка од 300 лица, не смее ниту да се појави на стадионот во Торино.

За првпат откако се врати во Милан, Ибра нема да смее да биде ниту на трибините. Освен еднаш, против Верона на почетокот на февруари кога беше на трибините, на сите други мечеви Златан беше или на теренот или на клупата за резерви.

Во експедицијата на Милан која пристигна во Торино има 60 луѓе (играчи, тренери, лекари, физиотерапевти, шофери). Повредениот Ибрахимовиќ не е пријавен за настап, па остана дома да се рехабилитира. Ќе мора соиграчите да ги гледа на телевизија и нема да може да ги кара од блиску ако грешат. За утеха, во јули Милан повторно треба да игра со Јувентус, па Ибрахимовиќ тогаш би требало да заигра.

- Оглас -

Најнови вести