Ибрахимовиќ влезе во друштво на Роналдо и Меси и го спаси Милан од нова бламажа (ФОТО)

Лидерот во Серија А, Милан ја одигра можеби и најслабата партија во досегашниот тек од првенството.

Росоњерите ремизираа со 1:1 на гостувањето кај Удинезе, но, одиграа разочарувачки меч, бидејќи упатија само еден удар кон голот на противникот и тоа во 92. минута кога преку Златан Ибрахимовиќ успеаја да израмнат.

Швеѓанецот стана третиот фудбалер по Кристијано Роналдо и Лионел Меси кој што дал над 300 погодоци во Топ-5 лигите

Иако на теренот истрчаа со најдоброто што го имаат, екипата од Милано се посрамоти а голот за Удинезе го постигна Бето во 17-та минута.

По погодокот на Милан, имаше инциденти на теренот а главниот судија му додели и црвен картон на Ајзак Суксес во 96. минута поради неспортско однесување.

Илија Несторовски беше на клупата и на оваа средба, а неговиот тим, пак стигна до 17. бод со што дојде на 15-то место.

Милан, пак, ја зголеми предноста пред Интер на два бода повеќе, но градскиот ривал има и натпревар помалку.

- Оглас -

Најнови вести