Ибрахимовиќ во Интер? За минута и пол ќе се степа со тренерот Конте

Златан Ибрахимовиќ со својот Лос Анџелес галакси се избори за место во четврт-финалето од плејофот во американскиот МЛС-шампионат. По завршување на плејофот, Ибрахимовиќ ќе стане слободен играч и веќе во декември ќе може да си бара нов клуб.

За Ибра има повеќе опции бидејќи тоа е фудбалер кој во своите редови би сакале да го видат голем број клубови. Добар дел од кариерата голгетерот ја помина во Италија, каде што играше за трите најтрофејни клубови, Јувентус, Интер и Милан. Сега, како реална опција е негово повторно враќање во Серија А. Како опции се: Болоња (поради Михајловиќ), Наполи (поради Анчелоти) и Интер (негов екс клуб). Од Интер веќе воспоставиле контакт со менаџерот на Златан, Мино Рајола. Некогашниот соиграч на Ибрахимовиќ, Антонио Касано вели дека нема шанса да се случи Швеѓанецот повторно да заигра за Интер.

„Ибра во Интер? Нема шанса. Со Конте би се истепале само по минута и пол. Веројатно тоа би било по првата прес-конференција“, изјави Касано во една телевизиска емисија.

Иако има 38 години, Златан се чувствува физички одлично и е оптимист дека дури и сега да се врати во Серија А, би бил подобар од поголем дел од играчите кои сега играат во Италија. Тој дури најави дека без проблеми би постигнал 20 голови во првенството. Ибра настапуваше во Интер во периодот од 2006 до 2009 година.

 

- Оглас -

Најнови вести