Иџе имаше двоен пех во Валелунга, не ја заврши втората трка

Игор Стефановски Иџе имаше двоен пех на трката во Валелунга во ТЦР шампионатот на Италија и не успеа да ја заврши втората трка. На првата утринава беше шестопласиран, но попладнево немаше среќа и остана без пласман.

Стартот на втората трка му беше лош, излета од патеката, но потоа успеа да се врати и продолжи да вози од 14. позиција.

Потоа успеа и да напредува до осмотто место, но во финишот повторно загуби контрола над возилото и остана без пласман.

На првата трка беше шестти на патеката на која има и победа во кариерата како учесник во ТЦР шампионатот на Италија.

Победник на втората трка е Италијанецот Кевин Чекон, пред Финецот Анти Бури и Салваторе Тавано од Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести