Иднината на Дијамантот е неизвесна, Елмас не е „недопирлив“ за Гатузо

Наполи веќе размислува на следната сезона во која Џенаро Гатузо ќе продолжи како прв тренер, а популарниот Рино најавил дека за следната сезона смета на осуммина играчи кои и сега го носат дресот на Наполи, но меѓу нив не е Елиф Елмас. Ова значи дека иднината на Дијамантот во Наполи е неизвесна бидејќи кај Гатузо не е на листата на „недопирливи“ кои не смее да бидат продадени.

За следната сезона како играчи кои мора да останат во Наполи, Гатузо ги набројал Инсиње, Мертенс и Зјелински, а на почетокот на јули кога ќе почнат подготовките покрај овие тројца, Гатузо сака да ги види и Манолас, Максимовиќ, Ди Лоренцо, Деме и Лоботка. Инсиње и понатаму ќе биде капитен, а за Елмас ако дојде добра понуда, Гатузо би го продал, во спротивно, може да остане.

- Оглас -

Најнови вести