Иднината на Влатко Андоновски како селектор на САД е загрозена поради еден милиметар (Фото)

За женската репрезентација на САД во фудбал, испаѓање уште во осминафиналната фаза е катастрофа, и најверојатно селекторот Влатко Андоновски веќе нема да го води тимот.

Фановите веќе почнаа да бараат негова оставка, а ако биде сменет, Македонецот ќе ја почувствува суровоста на ВАР и гол технологијата.

Снимките покажуваат дека при пеналот на Шведска во седмата серија кој го изведе Лина Хуртиг, а голманката Нејер одбрани, топката сепак ја минала гол-линијата. Станува збор за милиметар, можеби и помалку, но тој минималец прави разлика дали Андоновски ќе остане селектор на најуспешната нација во женскиот фудбал или не.

- Оглас -

Најнови вести