Поранешниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски и официјално е промовиран во нов селектор на репрезентацијата на Таџикистан. Челниците на фудбалската федерација во оваа земја, денеска и официјално го преставија Ангеловски за нивни нов предводник.
Во објавата се вели дека Ангеловски ќе го подготвува националниот тим на Тацикистан за Азискиот Куп кој ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2027 година.
Ангеловски пет години беше предводник на македонската фудбалска репрезентација. Под негово водство нашиот национален тим се пласираше на засега единственото големо натпреварување, а тоа беше Европското првенство кое се играше во 2021 година.
Во тренерската кариера Ангеловски има работено и во клубовите на Работнички, Каспиј, Горица и Етникос.

